СОМЕЛИЕРСТВО - СТРУЧНА СИМБИОЗА МЕЃУ КУЛИНАРСКИОТ И ВИНСКИОТ ТУРИЗАМ
Abstract
Кулинарскиот туризам опфаќа широк
спектар на активности кои се поврзани со
храната. Од понуда на специфична и
традиционална кујна, до организација на
кулинарски натпревари и манифестации
поврзани со храната, вклучување на туристите во
набљудување или подготовка на јадењата и
обука и друго. Винскиот туризам вклучува посета
на винарии, дегустација и купување на вино,
вински патишта, вински манифестации и др.
Кулинарскиот и винскиот туризам во последните
децении имаат голема перспектива за развој. Во
овој труд ќе бидат дадени примери од
сомелиерството и стручни насоки како
сомелиерството придонесува во симбиозата меѓу
кулинарскиот и винскиот туризам.
Published
2018-09-02
Section
Tourism and hospitality