ЗНАЧЕЊЕТО НА ПЛАНИНАТА КОЖУФ ВРЗ РАЗВОЈОТ НА ТУРИЗМОТ ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА
Abstract
Согледувајќи ги туристичките потенцијали
на општина Гевгелија, може да се каже дека
постои добра основа за развој на туризмот и
можност за збогатување на туристичката понуда.
Гевгелискиот регион се одликува со низа
специфичности кои го прават посебен. Планината
Кожуф е од најголемо значење за развој на
туризмот која што заедно со населените места
Смрдлива Вода, Конско и Хума и Скијачкиот
центар, придонесуваат за развојот на планинскиот,
руралниот и ски туризмот. Во овој труд ќе ги
анализираме туристичките вредности со кои
општина Гевгелија се афирмира како туристичка
дестинација и ќе направиме истражување на
туристичкиот регион со цел - реална туристичка
валоризација на сите негови природни и
антропогени елементи. На тој начин,
аргументирано и со факти, ќе го претставиме
големиот потенцијал за поинтензивен економски
развој на овој дел од Република Македонија.