ТУРИСТИЧКИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ НА ДОЦНОАНТИЧКИОТ ГРАД БАРГАЛА
Abstract
Културното наследство и културните
споменици, археолошките локалитети и градби
играат мошне голема улога во развојот на
туризмот во кој било дел од земјината топка.
Република Македонија поседува голем број
вакви културно-историски споменици и
археолошки локалитети. Затоа, во овој труд
решивме вниманието да го посочиме на еден
ваков локалитет, а тоа е доцноантичкиот град
Баргала и преку неговото постоење, неговите
градби, археолошките остатоци да ги прикажеме
неговите туристички потенцијали.
Published
2018-09-02
Section
Tourism and hospitality