УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ПРЕКУ РАЗВОЈОТ НА БЕСПЛАТНИТЕ ФОРМИ НА ТУРИЗАМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  • Анета Стојановска-Стефанова

Abstract

Во овој труд ќе дадеме теоретски осврт на
поимите туризам и социјална заштита, како и на
придонесот и влијанието на државата за развој
на новите форми за бесплатен туризам во
Република Македонија. Државата е посветена на
подобрување на туристичката понуда, но води
грижа и за ефикасна заштита на социјалните
права на граѓаните и релизација на уставната
определба на Република Македонија како
социјална држава. Системот на социјална
заштита како основен столб на оваа поддршка за
граѓаните кои се нашле во положба од социјален
ризик треба да обезбеди разновидност на услуги
со кои ќе се овозможи не само ублажување на
последиците, туку и излез од настанатата
состојба. Во рамките на трудот ќе се осврнеме на
државниот проект: Услуга за одмор и рекреација
на деца од семејства со социјален ризик, деца
корисници на посебен додаток и децата без
родители и родителска грижа.

Published
2018-09-02