ИНОВАТИВНИ ИДЕИ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО ЈУГОИСТОЧНИОТ РЕГИОН НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  • Никола Димитров
  • Марија Магдинчева-Шопова
  • Јованка Цуклева-Анастасовска

Abstract

Природните убавини, чистата околина
исполнета со езера, планини, водопади, термални
води, етно-села, манастири, како и локалните
манифестации, традиционалната храна и
гостопримството претставуваат предуслови за
формирање на оригинална туристичка понуда. Со
цел привлекување на поголем број туристи преку
кои ќе се поттикне развојот на туризмот во овој
регион, потребна е примена на соодветен
иновативен пристап во креирањето на понудата и
прилагодување на дејноста на работа на малите
претпријатија во областа на туризмот. Основна цел
на овој труд е да укаже на улогата и значајноста
на иновативната туристичка понуда како основен
фактор за развој на туризмот.

Published
2018-09-02