ЕКОТУРИЗМОТ КАКО СОВРЕМЕН КОНЦЕПТ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Authors

  • Љупчо Јаневски

Abstract

Експанзијата на масовниот туризам во
светски рамки создаде појава на еколошки и
општествени нарушувања на одредени
туристички дестинации со трајно губење на
одредени локални атракции. Покажувајќи се
воопшто нечуствителен кон локалните
заедници, населението во хармонија со
природата и културната ризница, масовниот
туризам поттикна создавање на нов концепт од
страна на академската јавност кој во својата
срж го има одговорното патување, еколошките
норми и оддржливоста во туризмот.
Екотуризмот е млада гранка на туризмот,
современ и се развива како алтернатива на
масовниот туризам создавајки рамнотежа на сѐ
попребирливиот туристички пазар. Тој е
релативно нов вид туризам, современ, со
голема перспектива и претставува важна
гранка во туристичката индустрија. Целта на
овој научен труд е да ја истражи можноста и да
ја сврти македонската јавност кон екотуризмот
како одржлива форма на туризам, зајакнувајќи
ги локалните капацитети и голема можност за
македонскиот туристички сектор.

Downloads

Published

02.09.2018

How to Cite

Јаневски, Љ. (2018). ЕКОТУРИЗМОТ КАКО СОВРЕМЕН КОНЦЕПТ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century, 3(1). https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFNTS/article/view/2340