НОВИ ПЕРСПЕКТИВИ ВО ЕКОТУРИЗМОТ – „OFF THE GRID“ ТУРИЗАМ
Abstract
Со самата појавата на екотуризмот и неговото
брзо напредување, тој станува еден од главните
конкуренти на масовниот туризам и еден од најбрзо
растечките сегменти на туристичката индустрија, а
екотуристичките патувања стануваат сѐ повеќе
популарни.
Во овој труд, ќе обработиме нов сегмент на
екотуризмот, сегмент кој досега не е официјално
истражуван и дефиниран од страна на туризмолозите
и другите научни работници од областа на туризмот.
Овој сегмент допрва ќе биде предмет на
истражување, а тоа е „off the grid“ туризам.
Во трудот ќе видиме кои се причинско –
последичните услови за појавата на еден сосема нов
и нестандарден начин на живот, начин кој е уште во
зачеток, но со голем потенцијал за во иднина, и
можностите и потенцијалите кои ги нуди во туризмот.
Целта на овој труд е да се видат реално проблемите
кои постојат во врската човек – природа, и
проблемите кои допрва ќе надоаѓаат, и да се видат
можностите кои постојат во начинот на живот и
туризмот – off the grid.