МОЖНОСТИ ЗА ПОДДРШКА И ЗАЧУВУВАЊЕ НА БИОДИВЕРЗИТЕТОТ ПРЕКУ ИНТЕГРИРАН РАЗВОЈ НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА ХРАНА И ТУРИЗАМ
Abstract
Туризмот, како дејност која често се потпира
на убавата природа во чија што основа е
биодиверзитетот, има директен интерес да се зачува
самиот биодиверзитет. Руралниот предел Љубовија,
е место кое се одликува со голема разновидност на
флора и фауна, но и со вредна локална земјоделска
традиција. Поради тоа, општината Љубовија има
амбиција, дел од нејзиниот економски развој да
зависи од развојот на земјоделието и туризмот.
Може ли туризмот, преку своите интегрирани ланци
на вредности, во кои се вклучени и снабдувачките
синџири на земјоделието, да обезбеди економски
развој, а при тоа да даде поддршка во зачувувањето
на биодиверзитетот, ќе пробаме да анализираме
преку примерот за општината Љубовија.
Published
2018-09-02
Section
Economy and business logistics