КОН БИОКЛИМАТСКИТЕ ПОКАЗАТЕЛИ ЗА ОДРЕДЕН ТУРИСТИЧКИ РЕГИОН НА ОСНОВА НА КОРИСТЕНИ ПОДАТОЦИ
Abstract
Во овој труд, авторот има за цел да
презентира некои биоклиматски карактеристики на
климата кои се важни за развојот на туризмот во
дадени дестинации. Направена е анализа на
функционалната температура на воздухот во
комбинација со влажност, ветер и сончево зрачење.
За потребите на истражувањето се користат четири
биоклиматски индекси. Податоците за Белоградчик,
Банско, Чепеларе, Смолен/Рајково, врвот Снежанка
во Бугарија за годината 1980 година се
обработуваат како пример за индексите. Направена
е примерна проценка врз основа на податоците од
временската прогноза за Штип, Македонија.
Податоците се земени од Годишникот на
Националниот институт за хидрологија и
метеорологија на Бугарската академија на науките и
временски прогнози од Интернет. На крајот од
трудот се дадени релевантни заклучоци и резимеа.