ПЕРЦЕПЦИЈА НА СТУДЕНТИТЕ ЗА СОПСТВЕНИТЕ ПРОБЛЕМИ ПРИ ЧИТАЊЕ АНГЛИСКИ ТЕКСТОВИ

  • Dragan Donev
  • Marija Krsteva

Abstract

Овој труд ја анализира перцепцијата на студентите за сопствените проблеми
при читање непознат текст на англиски јазик. Покрај тоа што технологијата е
двигател на сите пори во општеството денес, а со тоа и во наставата на странски
јазик, сепак способноста за вербална комуникација и понатаму е основна
вештина во наставата. Главниот проблем во наставата по изучување странски
јазик е да се развијат оралните комуникациски вештини, затоа што основната
цел на наставата по странски јазик е да произведе квалификувани наставници по
соодветниот јазик. Во нашава анализа вниманието е насочено кон перцепцијата
на студентите за сопствените тешкотии при читање. Најнапред е приложен
преглед на карактеристичните проблеми по јазични категории присутни при
изучување на странски јазик. Акцентот овде е ставен на проблемите што се
јавуваат при изучувањето на англискиот јазик како странски. Се очекува да
се дојде до резултати кои ќе може да послужат како основа при креирањето
наставни материјали.

Published
2018-12-22

Most read articles by the same author(s)

<< < 1 2 3 4 > >>