УЛОГАТА НА АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК (Ј2) ПРИ УСВОЈУВАЊЕ НА ШПАНСКИОТ ЈАЗИК (Ј3) ОД СТРАНА НА МАКЕДОНСКИ СТУДЕНТИ
Abstract
Во овој труд се анализира улогата на англискиот јазик (Ј2) при усвојвање на
шпанскиот јазик (Ј3) од страна на македонски студенти. Ова истражување е продолжение и
дополнување на истражувањето спроведено и анализирано во трудот објавен во меѓународното
списание „Палимпсест“ под наслов „Усвојување на шпанскиот јазик како трет јазик кај
македонските студенти“. Во истражувањето учествуваат студенти од Универзитетот „Гоце
Делчев“ - Штип, Република Македонија, кои изучуваат шпански јазик само една година,
почнувајќи од почетно ниво и студенти кои го изучуваат 3 години. Прв јазик на сите студенти
им е македонскиот, втор (Ј2) им е англискиот, а шпанскиот им е трет јазик (Ј3). За потребите на
истражувањето беше спроведена анкета со цел да се добие информација за учесниците и
нивното претходно знаење на јазикот, како и за способноста за пренесување на нивните знаења
и вештини од еден јазик на друг. Резултатите од ова истражување ќе бидат детално
продискутирани подолу.