КОНТРАСТИВНА АНАЛИЗА НА ВОКАЛНИТЕ СИСТЕМИ НА ШПАНСКИОТ И НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК

  • Marija Todorova

Abstract

Во овој труд се дава преглед на вокалните системи на шпанскиот
и италијанскиот јазик и се прави контрастивна анализа на истите, се презентираат
разликите во изговорот на самогласките и најчестите фонетски интерференции помеѓу
шпанските и италијанските вокали. За потребите на овој труд се прави теоретско
истражување на стручна литература од оваа област, со цел да се утврдат разликите од
фонолошки аспект кои постојат помеѓу двата јазика, т.е. дали звукот одговара на буквата,
дали фонемите се долги или кратки, кои се разликите во однос на артикулацијата
на гласовите, односно местото и начинот на образување на гласовите итн. Сето тоа
претставува голем предизвик за учениците при совладувањето на изговорот, во процесот
на учење на странските јазици.

Published
2021-11-03

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>