РАСКАЗИ НА ЕТГАР КЕРЕТ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

  • Ranko Mladenoski

Abstract

Трудот претставува осврт кон збирката раскази со наслов „Одеднаш
тропање на вратата“ од израелскиот раскажувач Етгар Керет што беше објавена на македонски
јазик во 2017 година од скопскиот издавач „Македоника литера“, а во превод на Дарко
Цветаноски и Сибел Ајдинова. Најпрво се приложени основните биографски податоци за
авторот и за неговото творештво, а потоа се анализираат и се интерпретираат суштинските
наративни особености на расказите како што се иронијата и автоиронијата, фантастиката и
калеидоскопскиот (променливиот) сетинг, метафикциските наративни слоеви, метонимиските
супститути за антропонимите кај ликовите, оксиморонот на ниво на раскажувачка синтагма, но
и на ниво на наративниот дискурс како „голема реченица“ и слично. На крајот од трудот се
заклучува дека скопскиот издавач „Македоника литера“ направил вистински избор на автор и на
книга за преведување и за објавување на македонски јазик, зашто расказите на Керет од
збирката „Одеднаш тропање на вратата“ се автентично и провокативно белетристичко четиво за
пребирливиот вкус на современиот постмодернистички читател.

Published
2018-12-29

Most read articles by the same author(s)

<< < 1 2