СИНОНИМНИТЕ ЛИКОВИ ВО МАКЕДОНСКАТА ДРАМА МЕЃУ ДВЕТЕ СВЕТСКИ ВОЈНИ

  • Sofija Ivanova
  • Ranko Mladenoski

Abstract

Трудот претставува семиолошка анализа на синонимните ликови во драмите
„Бегалка“ и „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски, „Печалбари“ од Антон Панов и „Парите се
отепувачка“ од Ристо Крле. Во овој труд доминираат анализите што се поврзани со семите,
односно атрибутите на ликовите. Конкретната анализа е извршена со помош на техниките за
интегрирање на ликовите и актантниот модел на Алжирдас Жилиен Грејмас. Со помош на
анализата за синонимијата на ликовите, на крајот од трудот ги согледуваме синонимните ликови
во најпознатите македонски драми во периодот меѓу двете светски војни.

Published
2020-12-26