УЛОГАТА НА ПРЕВОДОТ ВО ГЛОБАЛИЗИРАНИОТ СВЕТ ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА И ИНФОДЕМИЈА

  • Dragan Donev
  • Natalija Pop Zarieva
  • Kristina Kostova

Abstract

Современото општествено живеење веќе подолго време е зафатено од
феноменот на глобализацијата. Но, изминативе година дена се специфични по една друга
појава. Станува збор за ситуацијата на пандемија која предизвика здравствена криза од
светски рамки и сѐ уште е актуелна. Во овој труд најпрво ќе се потрудиме накратко
да ги изнесеме клучните цитати за нашево истражување. Ќе ја разгледаме улогата на
преведувањето како дејност која обезбедува трансфер на знаења, вештини, сознанија и
откритија во време на здравствена пандемија и недостаток на информации. Главниот
фокус на анализава е потребата од преводот во глобалната комуникација во ситуација
кога една здравствена криза го зафаќа целиот свет и трката со времето за брз пристап до
релевантни информации кога светот е зафатен од информациска криза и недоволниот
број нови информации за справување во овие тешки моменти за човештвото.

Published
2021-11-03

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 4 5 > >>