СЕМАНТИЧКИТЕ ИЗРАЗНИ СРЕДСТВА ВО ЖАРГОНСКИОТ ИЗРАЗ НА МЛАДИТЕ ВО ИТАЛИЈА

  • Vesna Koceva
  • Nadica Negrievska

Abstract

Во овој труд се претставени резултати од експериментално истражување
чијашто примарна цел беше да се анализираат начините кои овозможуваат збогатување
на лексичкиот фонд на жаргонскиот израз на младите со зборови кои го изгубиле своето
примарно значење преку семантички операции. Во трудот се анализира како писмен,
така и устен корпус. Извори на корпусот за анализа се списанијата наменети за младите
“Ragazza moderna” и “Cioè” како и филмови во кои се третираат теми од животот на
младите и во кои токму младите се главни актери. Во воведот накратко се посветува
внимание на карактеристиките на јазичните вариетети кои се дефинираат како „говор
на младите“. Во продолжение на трудот се опишуваат изворите на корпусот, а потоа се
преминува кон опишување и претставување на спроведеното истражување.

Published
2022-01-29