МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ВО БУГАРИЈА ОД ПРИЗНАВАЊЕ КОН НЕГИРАЊЕ 1948 – 1989

  • Stojko Stojkov

Abstract

Статијата е посветена на македонското малцинство во Бугарија во времето од 1948 г. – познатата резолуција на Информбиро против Југославија до падот на комунизмот во Бугарија. Основно внимание е посветено на процесите кои довеле да крај на еднаш веќе даденото признание и малцински права и до наметнување на целосно спротивна политика. Започнат со запирање на процесите на обединување на Пиринска Македонија со НР Македонија и укинување на културната автономија на македонското малцинство во Бугарија и скратување на малцинските права процесот еволуирал во обид да се инструментализира малцинството, со цел територијални проширувања на Балканот. По неуспехот на овој проект се стигнува до целосно негирање на постоењето на македонското малцинство во Бугарија и неговото третирање како закана за територијалниот интегритет на државата. Како неизбежна последица на скратувањето на правата и особено на негирањето се јавуваат долга низа на репресии и прогонување на оние што не биле согласни да се откажат од својот идентитет, како и засилена асимилација на припадниците на македонското малцинство. Во текстот, исто така, се проследени и односите меѓу Бугарија и Југославија и влијанието што истите го имале врз македонското малцинство во Бугарија.


Клучни зборови: македонски идентитет, самоопределба, Пиринска Македонија, дискриминација, асимилација, репресии.

Published
May 28, 2019
How to Cite
STOJKOV, Stojko. МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО ВО БУГАРИЈА ОД ПРИЗНАВАЊЕ КОН НЕГИРАЊЕ 1948 – 1989. Faculty of Educational Sciences, [S.l.], v. 6, n. 9, p. 67-85, may 2019. ISSN 1857- 8810. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/AMC/article/view/3004>. Date accessed: 27 june 2019.