Карактеристики на термоминералната вода на бања „Кежовица“

  • Blagica Doneva
  • Gjorgi Dimov

Abstract

Термоминералната бања „Кежовица“ се наоѓа на 2 км југо-
западно од градот Штип, во непосредна близина на Ново Село, Штипско. Таа е позната уште од времето на турското владеење во Македонија, која исто така како и денес се користела како лековита термална бања. Во бањата „Кежовица“ термоминералната вода не се излива непосредно на површината, туку таа се користи преку дупнатини. Единствено во локалноста Л'џи во Ново Село, во непосредна близина на реката Брегалница, има извор на термоминерална вода кој е каптиран и се користи од месното население.
Специфично за овие термоминерални води е што според својата радиоактивност во Македонија се најрадиоактивни термоминерални води, а спаѓаат во редот на најрадиоактивните термоминерални води и во Европа.
Published
Feb 5, 2014
How to Cite
DONEVA, Blagica; DIMOV, Gjorgi. Карактеристики на термоминералната вода на бања „Кежовица“. Natural Resources and Technology, [S.l.], v. 6, n. 6, feb. 2014. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/789>. Date accessed: 26 june 2019.

Most read articles by the same author(s)