Determination of total antioxidative capacities of capsaicinoids in CAPSICUM species cultivated in Republic of Macedonia

  • Viktorija Maksimova "Goce Delcev" University
  • Liljana Koleva Gudeva
  • Tatjana Ruskovska
  • Ruibin Gulaboski

Abstract

Капсаициноидите кои се среќаваат исклучиво во родот Capsicum, фaмилија Solanaceae се група на алкалоиди кои според својата хемиска структура припаѓаат на фенилетиламинската група на алкалоиди. Mеѓу нив капсаицинот зафаќа до 69%, за разлика од другите капсициноиди кои се срекаваат во помали концентрации.

Антиоксидативниот ефект на плодот од лутата пиперка е еден од благотворните ефекти кои меѓу другите ги покажува ова растение. Затоа, целта на овој труд е да се одреди вкупната антиоксидативна способност на олеорезинот од Capsicum annuum L.

Како материјали за оваа цел се користени четири вариетети на пиперка култивирана во Република Македонија. Во етанолни екстракти добиени со Soxlet методата, антиоксидативниот ефект беше испитуван со помош на FRAP методот.

Резултатите покажаа дека капсаицинот покажува изразени антиоксидативни особини и притоа генотипот со највисока концентрација на капсаицин пројавува нависока антиоксидативна способност. Од тука може да заклучиме дека култивирањето на лутата пиперка во Република Македонија е сосема оправдано бидејки таа може да се вброи во функционална исхрана не само поради тоа што е богата со витамини и минерали туку таа поседува и доста добра антиоксидативна способност.

Published
Feb 5, 2015
How to Cite
MAKSIMOVA, Viktorija et al. Determination of total antioxidative capacities of capsaicinoids in CAPSICUM species cultivated in Republic of Macedonia. Journal of Agriculture and Plant Sciences, [S.l.], v. 12, n. 1, p. pp. 101-109, feb. 2015. ISSN 2545-4455. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFA/article/view/896>. Date accessed: 27 may 2020.

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>