УЛОГАТА НА МЕНАЏЕРОТ ВО ПОДИГНУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА МЕНАЏМЕНТОТ СО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ЗА КРЕИРАЊЕ НА ПРАВИЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДАЖБАТА

  • Stefan Micev
  • Trajko Miceski

Abstract

Менаџерот е еден од основните фактори во работењето на секоја компанија и главна движечка сила за мобилизирање на вработените и унапредувањето на продажбата. Пред сѐ, тој е фактор за унапредување на менаџментот на квалитетот со човечките ресурси. Унапредувањето на менаџментот на квалитетот со човечките ресурси е континиуран процес, кој се темели врз повеќедимензионален концепт на активности, со особено преферирање на подигнувањето на нивото на компететност на вработените како на работното место, така и на дополнителните нивни активности во органите или телата на одлучување. Менаџментот на квалитетот со човечките ресурси непосредно е поврзан со изграденоста на вредносниот систем на менаџерите со вистински вредности, со што тие би можеле преку личниот пример да влијаат врз вработените за нивно ефикасно ефектуирање. Конкурентската предност на секое претпријатие зависи од правилно формулираната и имплементирана стратегија, како и од нејзиното извршување. Стратегијата е патоказ или водич кој ја движи организацијата од моменталната кон посакуваната состојба. Таа го опфаќа процесот на одлучување и претставува алатка за реализирање на идните планови преку зајакнување на деловните потфати и насочување на активноста кон остварување на целите. Истражувањата покажаа дека менаџероот е главен фактор во компанијата за унапредување на квалитетот на целокупното работење, кое има особено влијание во зголемување на продажбата.

Published
Jan 28, 2020
How to Cite
MICEV, Stefan; MICESKI, Trajko. УЛОГАТА НА МЕНАЏЕРОТ ВО ПОДИГНУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА МЕНАЏМЕНТОТ СО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ЗА КРЕИРАЊЕ НА ПРАВИЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДАЖБАТА. Yearbook - Faculty of Economics, [S.l.], v. 18, p. 115-125, jan. 2020. ISSN 1857- 8632. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/3419>. Date accessed: 17 feb. 2020.
Section
Articles