УЛОГАТА НА МЕНАЏМЕНТОТ ВРЗ МОТИВИРАЊЕТО НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

  • Valentina Zafiroska
  • Trajko Miceski

Abstract

Менаџментот како множество на активности преку кои се вршат одредени функции со цел на ефикасен начин да се обезбедат, распоредат физичките ресурси и мобилизираат човечките потенцијали и за да се постигне одредена цел, игра главна улога за успешното работење на секоја организација. Човечкиот потенцијал претставува одлучувачки фактор за успех во работењето во сите дејности и е од голема важност за остварувањето на стратешките цели. Затоа, менаџерот (директорот) со нив треба правилно да раководи. Вистинскиот менаџер треба да наликува на лидер кој без принуда влијае на своите соработници и вработените во организацијата, кој истите знае да ги мотивира и мобилизира, за на најдобар начин да придонесат за ефективно работење на организацијата. Во рамките на менаџментот, мотивацијата игра важна улога, бидејќи таа претставува влијание кое предизвикува, насочува и одржува посакувано однесување на луѓето. Дали работниците се внатрешно, надворешно, или пак и внатрешно и надворешно мотивирани или немотевирани, зависи од голем број фактори како што се карактеристиките на самите работници (како, на пример: нивната личност, способности, вредности, погледи, верувања...), природата на нивните работни места и природата на организацијата (како, на пример, нивната структура, културата, нивните контролни системи, управувачките системи на човечките ресурси, а и начините за наградување, на пример, дистрибуирањето на платите до работниците). Во трудот преку теоретско елаборирање и емпириско истражување ќе бидат прикажани најновите сознанија и состојби во истражуваната област.


 

Published
Jan 28, 2020
How to Cite
ZAFIROSKA, Valentina; MICESKI, Trajko. УЛОГАТА НА МЕНАЏМЕНТОТ ВРЗ МОТИВИРАЊЕТО НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО. Yearbook - Faculty of Economics, [S.l.], v. 18, p. 153-174, jan. 2020. ISSN 1857- 8632. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/3421>. Date accessed: 17 feb. 2020.
Section
Articles