ЗАЈАКНУВАЊЕ НА АКУЗАТОРНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ ПРЕКУ НОВИОТ КОНЦЕПТ НА ГЛАВНАТА РАСПРАВА ВО КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА НА РМ

  • Олга Кошевалиска
  • Елена Иванова

Abstract

Кривичната постапка на Република Македонија претрпува
значајна, круцијална реформа чиешто спроведување штотуку почнува.
Потребата од детално изучување на сите фази од реформата и нејзините
елементи се јавува како нужна за правилна примена на новиот закон и
неговото дословно спроведување. Реформата предвидува внесување
акузаторни елементи во текот на главната расправа којашто е подигната
на ниво на централен стадиум на постапувањето. Во новиот концепт на
главната расправа се забележува пасивизација на судот како неутрален
арбитер за сметка на нагласена активност на страните, засиленoста на дел
од фундаменталните начела за текот на главната расправа како што се
непосредноста, усноста, јавноста и контрадикторноста. Рамноправноста
меѓу странките и „еднаквоста на оружјата“ се зацврстуваат со поголемата
контрадикторност и можноста за вкрстеното испитување како нова
техника на добивање одговори од доказните средства.
Начелото за барање на материјална вистина се става во сенка
на процедуралната правичност без притоа да се загрози доследното
почитување на базичните човекови права. Текот на главна расправа е
креиран да ја потврди демократичноста и објективноста на постапката
за изведување на доказите, создавајќи клима на модерна постапка која е
подредена на дозата на интерес која ја имаат странските за крајниот исход
од постапката.
Клучни зборови: начела, усност, јавност, контрадикторност, рамноправност, непосредност

Published
2019-04-27

Most read articles by the same author(s)