ПОТЕКЛО, АДАПТАЦИЈА И СЕМАНТИКА НА ТУРСКИОТ СУФИКС -лак /-lIk/ (-lık, -lik, -luk, -lük) ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

  • Marija Leontik

Abstract

Македонскиот и турскиот народ живееле заедно пет века и влијанието на турскиот јазик врз македонскиот јазик е големо.  Турскиот јазик влијаел врз морфологијата на македонскиот јазик. Влијанието на турскиот јазик врз морфолошкиот систем на македонскиот јазик се гледа особено во внесување на нови суфикси, како што е -лак /-lİk/ (-lık, -lik, -luk, -lük). Овој суфикс има зборообразувачка фукција. Пр. јорганлак, комшилак, занаетлак, бозаџилак, аџамилак, инаетлак, калабалак и сл. Турскиот суфикс -lık, -lik, -luk, -lük (-лак) успеа да се оддели од лексичката заемка, да стане самостоен и да добие зборообразувачка функција во македонскиот јазик. Пр. асистентлак, ректорлак, домаќинлак, мајсторлак, мудроштилак, трговилак, човештилак и др. Во овој труд ќе се анализира семантиката на турскиот суфикс -лак (-lık, -lik, -luk, -lük) во турскиот и во македонскиот јазик.


Kлучни зборови: македонски јазик, турски јазик, турски суфикс -лак (-lık, -lik, -luk,     -lük,), семантика на -лак (-lık, -lik, -luk, -lük)

Published
Dec 19, 2018
How to Cite
LEONTIK, Marija. ПОТЕКЛО, АДАПТАЦИЈА И СЕМАНТИКА НА ТУРСКИОТ СУФИКС -лак /-lIk/ (-lık, -lik, -luk, -lük) ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 6, n. 6, p. 11-20, dec. 2018. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/2496>. Date accessed: 13 aug. 2020.