МОТИВАЦИЈАТА КАКО КЛУЧЕН ФАКТОР ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК КАЈ УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНО ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ

  • Marica Tasevska
  • Adrijana Hadzi-Nikolova
  • Dragan Donev

Abstract

Теоријата на мотивацијата има една долга традиција пред сè со мноштво
од најразлични тенденции карактеристични за своето време. Нејзините почетоци се присутни
уште во Антиката преку старогрчкиот филозоф Епикур (314 – 270 год. пр.н.е) и неговиот
хедонизам чија цел е достигнување среќен и мирен живот кој би се одликувал со душевна
непоматеност, ослободеност од страв и отсуство на болка, а кулминацијата ја достигнува со
појавата на хуманистичката психологија и Адам Маслов (1908 –1970), преку неговата теза на
поставување приоритети и самоактуализација. Мотивацијата и до ден денес е присутна во
секоја сфера на човековото дејствување, па и во наставата по странски јазик. Немотивираноста
го попречува остварувањето на конкретни цели, па оттука наш предмет на истражување е
токму присуството на мотивацијата кај учениците од средното гимназиско образование за
изучување на германскиот јазик. Истражувањето ќе се врши преку претходно подготвен
прашалник за учениците, а неговите резултати ќе се пласираат токму во овој труд, со надеж
дека истите ќе можат да се интегрираат и во наставата со цел полесно усвојување на странските
јазици.

Published
Dec 29, 2018
How to Cite
TASEVSKA, Marica; HADZI-NIKOLOVA, Adrijana; DONEV, Dragan. МОТИВАЦИЈАТА КАКО КЛУЧЕН ФАКТОР ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК КАЈ УЧЕНИЦИТЕ ОД СРЕДНО ГИМНАЗИСКО ОБРАЗОВАНИЕ. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 9, n. 12, p. 109-116, dec. 2018. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/2637>. Date accessed: 19 sep. 2019.

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>