Етичките вредности во бајките од браќата Грим

  • Gabriela Nikolovska University Goce Delchev , Faculty of Philology, German language and literature
  • Violeta Dimova

Abstract

И ден денес се прашуваме во што точно се наоѓа  тајната на убавината на бајките, приказните и митовите, собрани и испечатени од страна на браќата Грим. Што  тоа, што секогаш ги  прави интересни за читање, како за младите читатели така и за повозрасните? Денеска, кога живееме во време на изгубени хумани вредности, дури и кај најмладите жители на планетава Земја, она што ни недостасува на сите е, во таа постојана борба меѓу доброто и злото, да победи доброто, етичкото, праведното, како врвна категорија на убавината на постоењето. И покрај модерниот  и секако брз начин на живеење, како и револуционерниот напредок  на сите научни и техничко-технолошки полиња, сепак, целта од највисок ранг е да се придржуваме кон основните етички принципи. Сметам дека овие основни морални вредности се длабоко врежани во бајките во изданието ,,Детски и семејни бајки’’ на браќата Грим.

Published
Feb 13, 2014
How to Cite
NIKOLOVSKA, Gabriela; DIMOVA, Violeta. Етичките вредности во бајките од браќата Грим. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 4, n. 4, p. pp. 173-178, feb. 2014. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/733>. Date accessed: 03 june 2020.