Филмот како дополнително наставно средство во процесот на усвојување на немајчиниот јазик

  • Vesna Koceva

Abstract

Учениците покажуваат голем интерес во процесот на совладувањена странскиот јазик со помош на филмот како наставно средство. Некоинаставници сметаат дека гледањето филмови е пасивна активност и неможе да помогне во совладувањето на немајчиниот јазик. Но, новитедидактички теории потврдуваат дека многу е полесно да се научи нештоако чувствуваме задоволство во текот на учењето. Значи ние сме восостојба да научиме кога гледаме филм што ни се допаѓа. Филмот во очитена ученикот е многу„поприроден“ од вообичаените дијалози кои ги имаво учебниците по странски јазик. Филмот е корисен за учење на странскијазик, не затоа што е во мода или затоа што учениците очекуваат еден видна забава на часот, туку затоа што филмот ја поттикнува комуникацијата.По гледањето на некој филм, тешко е да се воздржиме од потребата да гисподелиме со другите нашите емоции, впечатоци, идеи и мислења, а когаимаме потреба да комуницираме тогаш неизбежно го користиме јазикот.
Published
Oct 24, 2013
How to Cite
KOCEVA, Vesna. Филмот како дополнително наставно средство во процесот на усвојување на немајчиниот јазик. Воспитание / Vospitanie - Journal of Educational Sciences, Theory and Practice, [S.l.], v. 8, n. 12, p. pp. 133-140, oct. 2013. ISSN 1857-8705. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/vospitanie/article/view/675>. Date accessed: 24 jan. 2020.