МОДЕЛИРАЊЕ НА ДИСПЕРЗИЈА НА ПРАШИНА НА ПЛАНИРАНИОТ ПОВРШИНСКИ КОП ЗА БАКАР И ЗЛАТО „ПЛАВИЦА“

  • Dejanco Tonev
  • Dejan Mirakovski
  • Marija Hadzi=Nikolova

Abstract

Во рудниците со површинска експлоатација извршувањето на голем број рударски операции може да претставува закана за квалитетот на животната средина, посебно од аспект на генерирање на прашина.

Во трудот е прикажанa постапката на моделирање на дисперзија на прашина која ќе се генерира како резултат на рударските активности на планираниот површински коп за бакар и злато на локалитетот „Плавица“ со примена на моделот AERMOD, како еден од начините за проценка на влијанието на рударските активности врз животната средина. Прикажани се резултатите од моделирањето на дисперзија на вкупните суспендирани цврсти честички (TSP), како и цврстите честички со аеродинамичен дијаметар помал од 10 µm (PM10). Процесот на планирање треба да ја опфати и процената на влијанието на рударските активности врз квалитетот на животната средина со развивање на современи и прецизни модели за процена на дисперзијата на прашината во пошироката зона на површинските копови. Ваквиот пристап овозможува верификација на ефикасноста на предложените мерки за заштита и намалување или елиминирање на идентификуваните влијанија.

Креираниот модел и компаративните анализи укажуваат дека позначителни влијанија врз квалитетот на воздухот, а како резултат на севкупните рударски активности, може да се очекуваат само во потесното подрачје на извршување на рударските активности, додека со зголемување на растојанието, постепено доаѓа до намалување на концентрацијата на цврсти честички кај околните рецептори. Доколку се применат сите мерки за контрола на изворите на прашина и се постигне очекуваното ниво на редукција на емисионите фактори, нивоата на очекуваните концентрации на суспендирани цврсти честички ќе бидат блиски до позадинските и во рамки на законски дозволените нивоа.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2020-12-10
How to Cite
Tonev, D., Mirakovski, D., & Hadzi=NikolovaM. (2020). МОДЕЛИРАЊЕ НА ДИСПЕРЗИЈА НА ПРАШИНА НА ПЛАНИРАНИОТ ПОВРШИНСКИ КОП ЗА БАКАР И ЗЛАТО „ПЛАВИЦА“. Natural Resources and Technology, 14(14), 39-47. https://doi.org/10.46763/NRT20140039t

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>