ПРИМЕНА НА АВТОНОМНИ КОМПОСТЕРСКИ ЕДИНИЦИ ВО УПРАВУВАЊЕ СО БИОРАЗГРАДЛИВИОТ ОТПАД
Abstract
Компостирањето претставува еден од најстарите начини на рециклирање на отпадот и добивање на висококвалитетно органско ѓубриво – компост. Компостирањето во себе ги обединува трите одржливи начини на управување со отпадот, односно допринесува за намалување на количините на отпад (редуцирање), повторна употреба на отпадот и негово рециклирање.
Биоразградливиот дел од отпадот всушност претставува една од „најзагадувачките“ фракции во вкупните текови на отпад, а компостињарето го пренасочува отпадот од традиционалните начини на управување, како што се согорување и депонирање. Најзначајни параметри кои влијаат и придонесуваат за ефикасноста на процесот на компостирање и добивање на квалитетен компост се: температурата, содржината на влага, односот на јаглеродната и азотната компонента (C: N) и pH вредноста во отпадниот материјал.
Во трудот е прикажана примената на автономните компостерски единици, како еден од најсовремените начини за компостирање на биоразградливиот отпад.