Одредување на оптимална количина на залихи и нивно управување

  • Cvetanka Panova makedonka
  • Mirjana Golomeova

Abstract

Управувањето со залихи е се уште еден од клучните предизвици во синџирот на снабдување. Денес, има доволно информации за промени во управувањето со претпријатијата, за поставување на залихите во една нова перспектива, гледајќи на нив не како ресурс со пасивна улога, туку нивно вклучување како активен дел во стратегијата на компанијата.Само актуелен акцент на процесот на уравување со залихи, одредување на нивните оптимални количини и вредности ќе помогне во отстранување на серија критични јазови кои предизвикуваат несакани ефекти од недостатоци и вишоци на залихи и ќе придонесе за подобрување на знаењата и развој на правилни структури во работењето на компанијата кои ќе придонесат за позитивни финансиски резултати.

Во овој труд е анализирана состојбата и нивото на потребни количини на залихи на алуминиум (парчиња алуминиум) кои ѝ се неопходни на компанијата ,,Лапласт-М” во процесот на производство на нивниот најбаран производ на пазарот – алуминиумска ролетна. Студијата е направена за да се контролираат залихите на компанијата со користење на методот EOQ и според пресметките кои ги користи компанијата.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2021-06-07
How to Cite
Panova, C., & Golomeova, M. (2021). Одредување на оптимална количина на залихи и нивно управување. Natural Resources and Technology, 15(1), 93-105. https://doi.org/10.46763/NRT211510093p

Most read articles by the same author(s)