ФИЗИЧКИ И ХЕМИСКИ ПРОЦЕСИ ПРИ ПОДЗЕМНАТА ГАСИФИКАЦИЈА НА ЈАГЛЕН
DOI:
https://doi.org/10.46763/NRT21151005gksKeywords:
јаглен, подземна гасификација, физички процеси, хемиски процеси, сингас.Abstract
Со палење на јагленовиот слој и инјектирање на инекциониот гас, подземната гасификација на јаглен предизвикува јагленот да претрпи термохемиски реакции “in situ“ и на тој начин да се гасифицира во познатиот синтетички гас-сингас, кој понатаму ќе се користи за добивање на енергија, за производство на водород, како и за негово складирање.
Самата подземна гасификација е многу сложен физички и хемиски процес и многу фактори влијаат на составот и квалитетот на сингасот. Со оглед на високата температура, влажноста и затворениот простор,
тешко е ефикасно да се следи и контролира самиот процес сè со цел негово подобрување. Во овој труд ќе бидат објаснети физичките и хемиските процеси кои се случуваат за време на подземното гасифицирање на јагленот.