Третман на рудничките дренажи од хоризонт 830 во рудник „Саса“ со симулација на анаеробно мочуриште
Abstract
Резултатите од мерењата на квалитетот на рудничките дренажи од активниот хоризонт 830 на Рудник „САСА“ покажуваат зголемени концентрации на тешки и токсични метали.Во трудот се прикажани резултати од третирањето на примероци од рудничките дренажи од хоризонт 830, со симулација на анаеробно мочуриште. Користени се два типа на варовнички камен од кои едниот е со содржина на CaCO3 - 93-95%, а другиот со > 98% CaCO3. Како органска материја е користена распадната шума од околината на Рудник „САСА“. Резултатите покажуваат дека примената на ваков вид третман не дава задоволителни резултати во однос на концентрација на металот, растворените и суспендираните материи.
Downloads
Download data is not yet available.
Downloads
Published
2014-02-05
Issue
Section
Article
How to Cite
Третман на рудничките дренажи од хоризонт 830 во рудник „Саса“ со симулација на анаеробно мочуриште. (2014). Natural Resources and Technology, 6(6). https://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/790