Патогени и бактериолошки карактеристики на Erwinia Amylovora како паразит на крушата и дуњата во Македонија

  • Sasa Mitrev

Abstract

Бактериската пламеница предизвикана од бактеријата Erwiniaamylovora (Burrill 1882 Winslow et al.1920) е една од нај деструктивните болести кај крушата, дуњата и помалку кај јаболката во Република Македонија. Бактеријата Erwinia amylovora моментално е карантински паразит во нашата земја, која веќе има предизвикано големи материјални штети, со тенденција на понатамошно ширење во регионот. Целта на оваа студија беше: (1) да го покаже економското значење и распространетоста на бактеријата во регионот, (2) да се утврди патогеноста, (3) да се потврдат бактериските карактеристики со примена на тестови за испитување на морфолошките, биохемиските и физиолошките особини и (4) да се споредат карактеристиките на изолатите добиени во Македонија со автентични изолати добиени од Франција. Болеста беше регистрирана во 15 општини во Р. Македонија или вкупната површина зафатена со болеста се проценува на околу 500 ха под круша и 60 ха под дуња. Поголем дел од овие зафатени површини веќе е ископачен. Трошковите предизвикани од болеста за чистење и садење на нови садници може да се процени на околу 10.000.000 ДЕМ. Во проучувањето добиени се 83 изолати на бактеријата Erwinia amylovora, 47 од круша и 36 од дуња, кои беа изолирани во текот на 1991 и 1992 година. Проучуваните морфолошки, патогени и биохемискофизиолош ки карактеристики покажаа дека проучуваната популација на бактерии од Р. Македонија претставува хомогена група, независно од времето, местото и домакинот од кој е се изолирани.
Published
2013-04-22

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>