ПРАВИЛНОТО ОРГАНИЗАЦИСКО ОДНЕСУВАЊЕ КАКО ФАКТОР ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА ИМИЏОТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

  • Stefanija Trajceva1
  • Trajko Miceski

Abstract

Успехот на секоја организација зависи не само од менаџментот и менаџментот на човечките ресурси, туку и од организациското однесување на вработените во организацијата. Организациското однесување се фокусира кон проучување на однесувањето на луѓето во организацијата и надвор од неа при нејзиното претставување, преку контактите со другите организации, клиентите (добавувачите и купувачите), медиумите, саемите, симпозиумите, презентациите итн., потоа на проучување на основните фактори кои влијаат на организацијата и однесувањето и методите кои можат да се користат како би се влијаело на однесувањето во организациите. Целта на проучувањето на организациското однесување е правилно да се разбере, предвидува, обликува и влијае врз однесувањето на луѓето во организациите и надвор од нив, заради подигнување на нивото на организациските перформанси и задоволства на самите члeнови на организацијата. Тоа што го прави убаво, а истовремено предизвикува поголема тежина при проучувањето на организациското однесување е што однесувањето на луѓето не секогаш е можно во потполност да се разбере, ни да се предвиди, а посебно да се контролира. Со цел да се придонесе за поцелосно согледување на проблемот и воспоставување на хармонија во соработката, усовршување и оспособување, на вработените, при изложувањето на материјата се дадени и образложени основните поими на организациското однесување, културата и климата и последиците од нивното непознавање.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2020-01-28
How to Cite
Trajceva1S., & Miceski, T. (2020). ПРАВИЛНОТО ОРГАНИЗАЦИСКО ОДНЕСУВАЊЕ КАКО ФАКТОР ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА ИМИЏОТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА. Yearbook - Faculty of Economics, 18(2), 127-151. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/3420

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 4 5 6 7 > >>