ИЗГОТВУВАЊЕ НА ИЗВЕШТАЈ ЗА ГОТОВИНСКИ ТЕКОВИ
Abstract
Извештајот за парични текови (или Извептај за готовински текови) ги прикажува паричните приливи и одливи на деловниот ентитет во текот на определен период и притоа ги класифицира како финансиски, инвестициски и оперативни парични текови. Со анализа на паричните текови се овозможува анализа на одделни компоненти на прилив и одлив на средствата и нивно движење во однос на трансформацијата на одделни облици на средства. Слично како Билансот на успех, овој извештај ги сумира активностите во текот на определен временски период за којшто се однесува. Имено, како и Билансот на успех, кој покажува детали во врска со тоа како оперативните активности произведуваат промени во задржаната добивка, Извештајот за паричните текови ги покажува деталите во врска со промените во една сметка од Билансот на состојба, а тоа е сметката Парични средства.