ИЗВЕШТАЈ ЗА СЕОПФАТНА ДОБИВКА
Abstract
Основна цел поради која постои едно претпријатие на пазарот е остварувањето на приход или добивка, но во текот на работењето тоа прави и одредени расходи. Затоа субјектите за да ги видат резултатите од своето работење изготвуваат извештај за сеопфатна добивка или извештај за сеопфатна добивка (согласно со Меѓународните стандарди за финансиско известување). Извештајот за сеопфатна добивка или извештајот за сеопфатна добивка е финансиски извештај кој покажува колкаво богатство остварил еден деловен субјект за одреден временски интервал (пресметковен период). Изготвувањето на овој финансиски извештај, со цел за презентација на остварениот финансиски резултат од работењето, добивка или загуба, претставува задолжителна обврска на деловните ентитети. Во извештајот за сеопфатна добивка - извештајот за сеопфатна добивка се прикажани приходите кои ги остварува деловниот субјект од различни активности и расходите кои ги прави во текот на работењето. Со спротивставување на приходите и расходите се добива сознание за остварениот финансиски резултат на деловниот субјект, добивка или загуба.
Downloads
References
[2]. Василева Трендафилка, Георгиевска Костадинка,Тодоровска Валентина, „Прирачник за сметководство според МСФИ/МСС”Економско правен консалтинг ФБ, Скопје, 2011 год.
[3]. Реџепагиќ Сезаир, Михајловски Жарко, Јовановски Спасе, Жбајнова Вера, Дробова Амела, Марчевски Ивица, „Прирачник за изготвување на годишна сметка и финансиски извештаи за 2015” - МСФИ Консалтинг, Скопје, 2016