ПЕРСПЕКТИВИ И ПРЕДИЗВИЦИ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА ПРОФЕСИЈА ВО РС МАКЕДОНИЈА

  • Bisera Tasevska
  • Blagica Koleva
  • Olivera Gjorgieva Trajkovska
Keywords: сметководство, сметководствена професија, предизвици на сметководствената професија, законски прописи, технологија.

Abstract

Предмет на обработка во овој труд претставуваат перспективите и предизвиците со кои се соочува сметководствената професија во РС Македонија со цел разработка на денешните и идните проблеми на сметководствената професија како и новите предизвици. Клучот да се разбере еден бизнис се наоѓа во разбирањето на неговото сметководство. Сметководството има централна улога во работењето на секој модерен бизнис. Сметководството како професија во развојот на економијата на една земја е од непроценливa важност. Сметководителите се јадрото на економијата, важна алка помеѓу државата и бизнис секторот, одговорни за пресметување и прибирање на даноците од кои се полни буџетот, сметководителите се консултанти на бизнис секторот. Сметководителите се исправени пред предизвикот континуирано да го надградуваат сопственото знаење и умеење и постојано да пронаоѓаат начини, методи и технологии. Сметководителите се во позиција да мора да го прилагодат својот начин на функционирање, со нови информатички технологии и придобивките кои истите ги
нудат. Сметководствената професија исто како и многу други професии, се испречува пред предизвикот наречен континуирана едукација и знаење од повеќе области, вклучувајќи ја и информатичката технологија. Оние сметководствени компании кои ќе успеат да направат трансфер на своето знаење и умеење, кои постојано и успешно ќе менаџираат со знаењето на своите вработени и ќе бидат во тек со новите информатички технологии, ќе успеат во голема мера да остварат компаративни предности во однос на конкуренцијата.

Downloads

Download data is not yet available.

References

[1] Љупчо Стојчески, Александар Костадиновски, “Основи на сметководство“, Скопје, 2007
[2] Конеска, Љ. Управувачко Сметководство, Европски универзитет, Скопје, 2007
[3] Bhimani, A., et al. “Upravljacko racunovodstvo I racunovodstvo troskova”, Zagreb, Mate, 2018
[4] Vidaković, V.S. (2002) Računovodstvo - jezik poslovnog sporazumevanja. Beograd: Megatrend
[5] Gulin, D. et al. (2006) Računovodstvo, Zagreb Ramljak, B., Pavić, M. (2016) Izazovi računovodstvene profesije u budućem razdoblju u Računovodstvo, revizija i porezi u praksi, Aljinović Barać, Ž. (ur.), str. 1 – 11
[6] Krišto, K. (2010) Izazovi računovodstva u suvremenom poslovanju
[7] Charles T. Horngen, Gary L. Sandem, John A. Elliott, Donna R. philbirk, “Introduction to accounting”, Magor, Skopje, 2010
[8] Charles Forest Rittenhouse Atlee Lane Percy “Accounting Problems”, 2022
[9] Ahmed Riahi-Belkaoui, “Critical Financial Accounting Problems”, 1998
[10] Ahmed Riahi-Belkaoui, “Accounting Theory”, London: Academic Press, 1992.
[11] Rob Gray, Dave Owen, Carol Adams “ Accounting & Accountability”, 1996
Published
2024-01-26
How to Cite
Tasevska, B., Koleva, B., & Gjorgieva Trajkovska, O. (2024). ПЕРСПЕКТИВИ И ПРЕДИЗВИЦИ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА ПРОФЕСИЈА ВО РС МАКЕДОНИЈА. Yearbook - Faculty of Economics, 25(2), 17-26. Retrieved from https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFE/article/view/6361
Section
Accounting and Auditing

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 4 > >>