БАЗЕЛ 3 КАПИТАЛНИ БАРАЊА ПРИЧИНИ, НОВИ БАРАЊА И ОЧЕКУВАНИ ПРОБЛЕМИ И ПРЕДИЗВИЦИ ПРИ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА ВО ЕКОНОМИИТЕ ВО РАЗВОЈ И МАЛИТЕ ЕКОНОМИИ
Keywords:
банкарски сектор, капитал, ризици, препораки, кризиAbstract
Стабилен и сигурен банкарски сектор е неопходна компонента за развојот на секоја економија. Кризите кои се случуваат во банкарскиот сектор се пренесуваат веднаш во реалната економија. Заштита на банките од материјализација на ризиците со кои се соочуваат во работењето е нивниот капитал. Почнувајќи од 80-тите години на минатиот век, Базелскиот комитет за банкарска супервизија дава препораки до супервизорските органи во однос на потребната адекватност на капиталот и рамката за управување со ризиците во банкарскиот сектор. Овие препораки еволуираа во текот на времето, како одговор на различните кризи и утврдените слабости на препораките. Во моментов, актуелни се препораките на спогодбата Базел 3 и токму затоа истите ќе бидат предмет на истражување во овој труд.