ИЗВЕШТАЈ ЗА ПАРИЧНИ ТЕКОВИ
Abstract
Големата важност на паричните средства го прават Извештајот за парични текови (ИПТ) еден од основните финансиски извештаи. Овој извештај дава информации за начинот на користење на средствата и ресурсите на претпријатието со цел стекнување на парични средства. Информациите за паричните текови на ентитетот им користат на корисниците на финансиските извештаи за обезбедување на основа за проценка на можностите на субјектот да генерира пари и парични еквиваленти, како и потребите на друштвото да ги користи тие парични текови. Изготвувањето на ИПТ се врши со примена на МСС 7. Основната структура на Извештајот е секогаш иста, без оглед на методот на составување, при што вкупните нето парични текови се класифицираат во: оперативни (деловни), вложувачки (инвестициони) и финансиски активности. Преку класифицирање на готовинските текови помеѓу различни активности, корисниците ќе можат да го утврдат влијанието на секоја активност врз готовината и еквивалентите на готовина и нивниот меѓусебен однос.
Downloads
References
[2]. Horngren, Sundem, Elliot, Philbrick, “Introduction to financial accounting”, Pearson education, 2006
[3]. Frank J.Fabozzi, Pamela P.Peterson, “Financial management & Analysis”, John Wiley and Sons, 2003, pp.138
[4]. Horngren, Sundem, Elliot, Philbrick, “Introduction to financial accounting”, Pearson education, 2006, p.186
[5]. Службен весник на РМ, бр.94, 2004, стр. 220
[6]. Оливера Ѓ.Т., Александар К., „Осврт кон меѓународните стандарди за финансиско известување“, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, 2013