АНАЛИЗА НА ТРОШОЦИТЕ И НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЕФИКАСНОСТА НА РАБОТЕЊЕТО НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА
Abstract
Основна цел на финансискиот менаџмент претставува максимизација на добивката. Поаѓајќи од тоа дека добивката е разлика меѓу приходите и трошоците на работењето, за да се оствари оваа основна цел на финансискиот менаџмент мора да се минимизираат, односно оптимизираат вкупните трошоци на работењето. За да може ефикасно да се управува со трошоците мора да се познаваат нивните видови, карактеристики и фактори кои ја одредуваат нивната висина. Процесот на следење и контрола на трошоците е особено значаен, бидејќи од него зависи успешноста и ефикасноста во работењето на претпријатието. Предмет на истражување во овој труд е значењето на оптималното управување со трошоците за ефикасноста на работењето на претпријатијата и начините на кои претпријатието може да оствари што е можно повисок финансиски резултат.