ВЛИЈАНИЕТО НА МОТИВАЦИЈАТА ВО ТИМСКОТО РАБОТЕЊЕ
Keywords:
тим, членови, мотивација, влијание, ефикасност, ефективност.Abstract
Денес тимското работење е важен фактор во работењето на организациите кои настојуваат да ја подобрат продуктивноста и општата конкурентност на пазарот. Современите претпријатија не можат да функционираат и да се развиваат без соработка, доверба и поврзување на идеи, интереси, цели и акции. Тимска работа е услов за меѓусебно запознавање и користење на претходните особини карактеристични за секој член на тимот. Поради тоа нема ни опстанок, ни развој на поединецот и на претпријатието без тимска работа. Всушност, ефикасност и ефективност во остварување на заеднички цели на членовите во тимот е во неразделна врска и правопропорционална со нивното задоволство при работење, мотивираност и приврзаност кон тимот и работа. Мотивација, всушност, е процес на раздвижување на активност на човекот т.е. насочување на неговата активност заради постигнување на одредени цели со кои ќе се задоволат одредени потреби. Во трудот е посветено вниманието на тимското работење и влијанието на мотивацијата за неговото ефикано и ефективно работење.