УЛОГАТА НА МЕНАЏМЕНТОТ ВО КРЕИРАЊЕТО НА СТРАТЕГИЈА ВО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ
Keywords:
визија, стратегија, структура, култура, лидерство, здравство.Abstract
Mенаџментот во здравствените организации има доста комплексна и специфична задача за подобро функционирање на здравствените организациски субјекти и сѐ што е поврзано со нив (пациенти, партиципирање, програми, проекти, тимови итн.). Во тој поглед најголема одговорност за спроведување на задачите на сите нивоа на здравствениот систем имаат генералните менаџери (директори), заедно со својот менаџерски тим и раководителите на организациски единици. Здравствените менаџери како лица коишто извршуваат раководни функции и задачи коишто се одговорни за мобилизирање на човечките ресурси и прибавување и алоцирање на материјалните ресурси за нивното рационално користење, одговорни се и за креирање на правилна менаџмент стратегија во нивните субјекти, а и давање на придонес во развој на здравствениот систем. Правилното креирање и имплементирање на менаџмент стратегија подразбира подеднакво активирање на влијанието на структурата, културата и лидерството во здравствените организации. Во трудот се дадени теоретски елаборации и обработени емпириски истражувања, со пресметки, табели и графички прикази.