МОТИВАЦИЈА - ПРЕТПОСТАВКА НА УСПЕШНОСТА НА РАБОТЕЊЕТО
Keywords:
модерно време, работници, менаџер, задоволство, работа, мотивирањеAbstract
Овој труд е посветен на анализа на една од актуелните теми во
модерната економија и менаџментот на човечките ресурси. Тој го
истражува значењето и улогата на мотивацијата како и важноста на
мотивациските фактори во овој процес. Трудот го прикажува начинот на
кој мотивацискиот систем се развил во тек на еволуцијата на економската
мисла и пракса. Исто така ,претставено е што тој претставува денеска на
ниво на претпријатие, со што се константира дека тој е стратечки значаен
за неговиот конечен успех и развој. Мотивацијата е комплексен процес, за
кој не постои унифициран концепт на успешно спроведување. Препораки
се да се истражат потребите, желбите и можностите на работниците, за да
им се пристапи на оптимален начин во рамките на овој процес. На самиот
квалитет на мотивација влијае претпријатието и работниците со своите
ставови и прифаќања.