ФИНТЕК КАКО КАТАЛИЗАТОР КОЈ ГИ ТРАНСФОРМИРА ОРГАНИЗАЦИСКИТЕ СТРАТЕГИИ ВО БАНКИТЕ
Keywords:
финансиски технологии, банки, иновации, организациски стратегии, трансформацијаAbstract
Во последните две децении, финансиската индустрија доживеа значајни трансформации благодарение на појавата и брзиот развој на финансиските технологии (Финтек). Финтек претставува комбинација на финансии и технологија која овозможува автоматизација и дигитализација на традиционалните банкарски услуги. Со воведувањето на мобилното банкарство, дигиталните плаќања и блокчејн технологијата, Финтек значително го промени начинот на кој банките функционираат, но и очекувањата на корисниците и улогата на вработените во банките. Финтек не само што ги променува стратегиите за управување во банките, туку и создава нова динамика на пазарот. Банките мора да инвестираат во дигитализација, да прифатат иновации, но и да ја модернизираат својата организациска структура и да го променат својот начин на работа за да останат конкурентни. Стратешкото лидерство, прифаќањето на нови технологии и изградбата на култура на иновации се клучни за успешната интеграција на Финтек во банкарскиот сектор.
Финтек технологиите претставуваат движечка сила во трансформацијата на банкарскиот сектор, носејќи промени кои ги редефинираат организациските стратегии и лидерските модели. Овој труд ја истражува улогата на Финтек како катализатор за иновации и адаптација, со фокус на стратегиите за имплементирање на новите технологии, организациските промени и влијанието на лидерите. Исто така, трудот ќе ја нагласи важноста на Финтек како катализатор за модернизација на банкарските процеси и ќе даде увид во тоа како овие промени можат да го зголемат задоволството и продуктивноста во секторот.