LEYMANN INVENTORY – СКАЛА ЗА МОБИНГ И ПСИХОЛОШКО МАЛТРЕТИРАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО
Keywords:
мобинг, прашалник LIPT, депресивните симптоми, психолошко малтретирање, пофесионалци- арбитратори.Abstract
Во последниве години, сè почести и повидливи се проблемите во работната средина, полека но сигурно се откриваат, а за чие постоење и обем претходно не се знаело. Оваа состојба наречена мобинг или психичко малтретирање на работното место, создава секојдневни жртви на систематско стигматизирање преку, меѓу другото, неправди (повредување на правата на личноста), за што одговорни може да бидат дел од соработниците или некој од менаџментот на организацијата. LIPT е еден од најкористените инструменти за проценка на мобингот. Прашалникот LIPT бил развиен во Шведска од H. Leymann и беше потврден во неколку земји, на пр. во Франција, Депресивните симптоми измерени со овој прашалник указуваат на тоа дека тие се поттикнати од мината изложеност на малтретирање, тортурата е голем фактор за депресии, како и континуитетот во психолошкото малтретирање е одлучувачки фактор
на ризик за симптоми на депресија и кај мажите и кај жените.