СОЗДАВАЊЕ НА КВАЛИТЕТНА ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА ПРЕКУ ИНТЕГРИРАНИ РАБОТНИ ЗАДАЧИ
Keywords:
квалитет, организациска структура, интеграција, работници, менаџери, задоволство, работни задачиAbstract
Овој труд е посветен на анализа на специјализација на работните активности, затоа што секој вработен добро е, и потребно е да си ја знае својата работа, но до кој степен ќе биде специјализирана работата е многу битно, исто така. Потребно е добро познавање на квалитетот
на кадарот со кој располага организацијата, потребна е координација на работа која не е рутинска и е непредвидлива, потребно е групирање на организациските единици, како и проектирање на сите работни активности во организацијата. Во зависност од тоа колку ќе биде успешно
организирањето, толку ќе се постигне успешност и видливи резултати во самото организациско работење. Доколку менаџерите ги поттикнуваат и ги мотивираат своите вработени квалитетно да ги извршуваат работните задачи, ќе се овозможи да се постигне поголем учинок и видливи резултати. Таа интеграција подразбира вработени кои соработуваат меѓусебно, вработени кои преземаат индивидуална одговорност, како и навремено и квалитетно извршени работни активности што доведува до почитување помеѓу менаџерите - раководителите и другите вработени.