КОНСОЛИДАЦИЈА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ
Keywords:
финансиски извештаи, финансиска анализа, консолидација на финансиски извештаиAbstract
Остварувањето на основните финансиски функции во една компанија, како што се алокација на средствата за одделни намени, остварување на оптимална
комбинација на изворите за финансирање на одделните активности и остварување на ефикасна распределба на финансискиот резултат во согласност со поставените цели на работењето, се базираат врз податоците од нејзините финансиски извештаи. Финансиските извештаи на една компанија можат да бидат многу сложени, факт кој дополнително го истакнува значењето на финансиската анализа, преку која сложените податоци од финансиските извештаи се сведуваат на разбирливи показатели за нивните корисници – стејкхолдери. Извештајот за финансиска состојба претставува дел од задолжителниот сет на финансиски извештаи кои се изготвуваат од страна на секој деловен субјект, на крајот на секој пресметковен период. Значењето на овој финансиски
извештај е големо во ефикасното менаџирање со компаниите.