СМЕТКОВОДСТВЕНАТА ПРОФЕСИЈА ВО НОВАТА ДИГИТАЛНА ЕРА
Keywords:
сметководство, вештачка интелигенција, „облак“ компјутерски системи, блокчејн.Abstract
Предмет на обработка во овој труд претставуваат промените со кои се соочува сметководствената професија во новата дигитална ера, со посебен осврт даден на клучните предизвици и технологиите кои можат да дадат придонес за нивно надминување. Сметководствената професија, како неизоставен дел од корпоративното управување, се соочува со значителни промени во контекстот на новата дигитална ера. Воведот на напредни технолошки иновации, како што се вештачка интелигенција, „облак“ компјутерски системи и блокчејн технологија, придонесува досегашните методи и практики во сметководството да исчезнат. Трудот се фокусира на разбирањето на тоа како сметководствената професија треба да се адаптира и интегрира со овие нови технологии. Со воведување на вештачката интелигенција, сметководителите имаат можност да автоматизираат многу рутински задачи, што ќе им овозможи да се фокусираат на стратешки и аналитички аспекти на својата работа. Истовремено, „облак“ компјутерски системи обезбедуваат можност за повеќефункционалност и мобилност, овозможувајќи пристап до податоци од било каде и било кога. Блокчејн технологијата, со својата дистрибуирана и непроменлива природа, допринесува за обезбедување на интегритетот
и сигурноста на финансиските трансакции.