УЛОГАТА И ЗНАЧЕЊЕТО НА ИНСПЕКЦИСКИОТ СОВЕТ ЗА ЕФИКАСНИ ИНСПЕКЦИСКИ СЛУЖБИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

  • Јован Ананиев
  • Јадранка Денкова
  • Андон Мајхошев

Abstract

Законот за инспекциски надзор од 2010 година направи реформа во инспекцискиот
надзор од аспект на организација на инспекциските служби, надлежностите и правилата за
работење на инспекторите итн. Овој закон ги воспостави начелата за работење на инспекторите,
компатибилни со управните Европски закони. Исто така, Законот е насочен кон јакнење на
капацитетите на инспекциските служби, воведува нови правила за работа на инспекциските
служби од аспект на (испити, лиценци и квалификации за добивање на звање инспектор итн).
Како најзначајна реформа е воведувањето на Инспекцискиот совет, кој најпрво беше воспоставен
како координативен орган на инспекциските служби, за да подоцна во период од десет години
прерасне во самостоен државен орган со својство на правно лице кој има силна корективна улога
во контрола на работењето на инспекциските служби. Методологијата на трудот се базира на
анализа на содржина на јавни документи за инспекциските служби, законските и подзаконски
акти, програми, анализи релевантни за предметот на истражувањето. Целта на трудот е да се
испита каков е пристапот на Инспекцискиот совет во обавување на својата надлежност како
котролен орган над инспекторатите и другите инспекциски служби. Заклучокот е дека постои
напредок во остварувањето на функцијата на Инспекцискиот совет од аспект на транспарентност,
мотивацијата на инспекторите преку можностите за унапредување во повисоко знаење, можноста
за континуирани обука на инспекторите, награди во однос на постигнувањата и зголемување на
надоместокот за плата. Но и покрај тоа, инспекциските служби се соочуваат со недостаток на
кадри, финансии, просторна и техничка опременост.
Клучни зборови: инспекциски надзор, инспекциски служби, инспектори, ефика

Published
2022-02-04