Ц И Ц Е Р О Н REX ELOQUENTIAE (III)

  • Димитар Апасиев

Abstract

Маркo Тулиe Цицерон, според традиционалниот изговор, или Марк Тулиј Кикерон (Мarcus Tullius Cicero / 106–43 год. пр.н.е.), според поавтентичниот класичен изговор на латинскиот јазик, важи за неприкосновен „крал на беседништвото“ – прво и најпрепознатливо име во римското и во целокупното античко, па и светско беседништво. Според мислењата на голем број видни проучувачи на класичната реторика, тој е првиот и последен автентичен римски „совршен говорник“ (perfectus orator), кој живеел и творел во првиот век пред Христа, а бил немилосрдно убиен на своја 63 годишна возраст. Истовремено, тој е и една од најзначајните личности од Антиката чиј индивидуален придонес остави неизбришлив печат во духовниот развиток на човештвото. Во неговиот лик се споени различни идеи, дела и доблести – така што неговиот живот и неговите размисли и натаму предизвикуваат интересирање не само во европските, туку и во сите светски цивилизирани култури. Првиот труд од планираната трилогија посветена на Кикерон, кој беше објавен во 2015 година, одблизу се осврна на неговиот животен пат и државничка кариера; вториот труд (2016) главно беше посветен на неговиот теоретски и практичен придонес кон реториката, со посебен осврт на Кикероновото офанзивно форензично беседништво; додека овој трет труд ќе се осврне на Кикерононовото дефанзивно судско говорништво, илустриран особено преку изложување на македонскиот превод на говорот „Муренова одбрана“ (Pro Murеna / 63 год. пр.н.е.).
Клучни зборови: реторика, оратор, судски говор, обвинет, адвокат.

Published
2023-08-15

Most read articles by the same author(s)