CORPVS IVRIS CIVILIS ROMANI КОНТРОВЕРЗИТЕ ПРИ СОЗДАВАЊЕТО НА ЈУСТИНИЈАНОВАТА КОДИФИКАЦИЈ
Abstract
Фоербах (Ludwig Feuerbach / 1804–1872) знаел да каже дека, во целокупната
европска историја, постојат три книги кои никогаш не смеат да се турнат во заборав:
христијанската Biblia, Јустинијановиот Corpus Iuris Civilis Romani и Марксовиот Das Kapital –
бидејќи токму од нив „најмногу се храни човештвото“. Можеби затоа и секој обид за критика кон
овие колосални дела, макар и да претендира да го носи епитетот „научен“, треба да се пишува со
рака која трепери. А токму намерата на овој труд, кој барем во македонски прилики е пионерски
за темата на која се однесува, е преку еден историско-компаративен и логичко-телеолошки
пристап да го истражи досега запоставеното прашање: Како е можно, за толку кратко време
(околу шест години) да се создаде едно вакво грандиозно правно дело, кое е скоро трипати
поголемо од Светото Писмо, т.е. од Стариот и Новиот Завет заедно? Нашата цел е, скромно и
непретенциозно, само да додадеме длабочина на она што досега беше разочарувачки плитка
дебата за начинот и приликите во кои всушност настанала прочуената т.н. „Јустинијанова
кодификација“ (VI век). Притоа, главната линија на аргументација е дека правниците кои
тогаш биле повикани да го одработат ова монументално кодификаторско дело, се потпирале на
солидна граѓа од веќе претходно создадени законици и правни збирки кои, пак, биле користени
при правната едукација на Високите правни школи кои постоеле низ тогашниот Источен дел на
Империјата.
Клучни зборови: Кодекси, Дигести, Институции, Новели, комисии, јуриспруденти.